Ердоган: со Путин заедно гледаме во иднината

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со неговиот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган во Сочи, каде што изјави дека односите помеѓу Москва и Анкара се целосно обновени.

Путин истакна дека двете земји ќе ја продолжат соработката, вклучувајќи ја и безбедносната сфера и напорите за решавање на сириската криза.

Турскиот претседател исто така смета дека со почетокот на нормализацијата на односите и честите состаноци на лидерите дале поттик за подобри билатерални односи.

– Нашите билатерални односи, како и соработката во решавањето на регионалните прашања, ни даваат можност заедно да гледаме во иднината, истакна Ердоган.

Поврзани

Најнови вести

Коментари