На митинг во Истанбул

Ердоган до граѓаните: Ја сочувавте иднината на Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на митингот во Истанбул го спореди ланскиот неуспешен преврат со турската војна за независност пред скоро 100 години

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на митингот во Истанбул го спореди ланскиот неуспешен преврат со турската војна за независност пред скоро 100 години.

Ердоган во говорот пред стотици илјади луѓе на симболичниот мост во Истанбул неуспешното туркање на власта ја нарече „предавство" и додаде дека граѓаните на неговиот повик да пружат отпор „ја спасија иднината на Турција".

Турција го обвини свештеникот Фетула Ѓулен кој е во егзил во САД и неговата мрежа за обидот за преврат во кој загинаа 250 лица кои му се спротивставиле, а ранети беа 2193 лица. Во борбите загинаа 35 заговорници на превратот.

Ердоган порача дека обидот за државен удар „ниту е прв ниту ќе е последен" и предупреди дека терористички групи ќе работат на поткопување на неговата земја.

– Затоа ние први ќе им ги скинеме главите, рече Ердоган поздравен од мноштво граѓани, додавајќи дека ќе одобри закон за наново воведување на смртна казна, ако парламентот го предложи.

Опкружен со деца со знамиња и роднини на загинатите, турскиот претседател пред говорот и самиот се придружи на масовната колона на луѓе во Истанбул каде лани е поразен обидот за државен удар.

Ердоган и неговата сопруга открија споменик за 250-те загинати додека се спротивставија на обидот за рушење на владата.

Десетици илјади во колона дојдоа до мостот „Мост на мачениците на 15 јули", каде граѓаните на повик на Ердоган за отпор кон превратот, се судрија со турските војници кои се обидоа да го турнат претседателот.

Мостот кој до тогаш се викаше „Босфорски мост" беше затворен ноќта на 15 јули 2016 со три тенкови со 136 војници кои се обидоа да ја турнат владата и претседателот Ердоган.

Поврзани

Најнови вести

Коментари