Драма во Сплит, маж се разнесе со бомби

Пред да се разнесе, тој се јавил во полицијата и им кажал дека има три бомби и дека се активирани. Повикал да се тргнат луѓето за да не биде некој случајно повреден. Полицијата ја испразнила плажата, а по преговорите со мажот, тој сепак ги активирал бомбите.

Сплитската полиција се обидела и преку преговарач да го одврати 54 – годишниот маж од намерата да се разнесе.

Сепак, по еден час, тој ја остварил намерата. Официјално не се знаат причините за ваквиот чин, а медиумите информираат и дека неговата сопруга се обидувала да го предомисли.

На плажата одекнаа две експлозии, а во близина на трагичниот настан беше и поранешниот Сплитски градоначалник и пратеник, Жељко Керум.

Поврзани

Најнови вести

Коментари