Додик: Вучиќ е прв лидер во региот кој промовира мир

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по повод средбата на српскиот претседател Александар Вучич и хрвстаката претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во Загреб, рече дека Вучиќ е првиот лидер во регионот кој промовира мир и стабилност на Западен Балкан.

„Мислам дека неговата посета на Хрватска е добра прилика Република Српска, Србија и Хрвстака да воспостават нови релации, како и дека во тој поглед Вучиќ во Загреб релевантно и легитимно говори во име на српскиот народ“ изјави Додик, пренесе РТРС.

Додик вели дека на тој план очекува смирување на вербалните односи и решавање на насобраните проблеми, вклучително и оние од минатото, како што вели тој, геноцидни политики кои НДХ ги спроведувала над Србите или усташките злосторства во Јасеновац и други озлогласени логори, како и холокаустот над Србите.

„Србите мораат да ја вратат оваа тема на меѓународно ниво, за да Јасеновац, Јадовно и Пребиловци бидат окарактеризирани како места на геноцид над српскиот народ од НДХ“ оцени Додик.

Тој му се заблагодари на Вучиќ и на Владата на Србија за конкретната финансиска, материјална и морална помош и поддршка на развојот на инфраструктурата и локалните заедници во Република Српска.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари