Детали за самоубиството на познатиот фудбалер од Србија

Бојан Периќ, еден од најпознатите играчи на футсал во соседна Србија се самоубил на паркинг пред шопинг центар во Нов Белград, пишуваат медиумите на таа земја.

36- годишниот Периќ, според српските медиуми, се убил со ловечка пушка, а причината е наводни долгови.

Успешната кариера ја завршил пред неколку години во клуб во Нова Пазова, а зад себе остави сопруга и ќерка од 6 години.

И сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, е потресен од веста за самоубиството на Периќ.

-Изненаден сум и тешко ми е. Бевме добри пријатели, се знаеме од одамна. Заедно ја започнавме својата кариера. Потоа, животот не раздвои, но не можам да поверувам дека го нема, изјавил Душко.

Тој додал дека Бојан има ќерка и сопруга и навистина жали за трагедијата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари