Подгорица:

Демаркацијата на границата е внатрешен проблем на Косово

Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармаровиќ во Тирана изјави дека неговата земја има добри односи со Приштина и оти демаркацијата на границата меѓу двете земји е „внатрешен проблем на Косово"

Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармаровиќ во Тирана изјави дека неговата земја има добри односи со Приштина и оти демаркацијата на границата меѓу двете земји е „внатрешен проблем на Косово".

- Црна Гора има многу добри односи со Косово. Прашањето за демаркацијата на границата за нас не е проблем. Тоа е прашање кое се однесува и треба да го решат политичките сили во Косово. Тоа е нивен внатрешен проблем, изјави Дармаровќ на заедниката прес-конференција со неговиот домаќин, шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.

Дармановиќ ја потврди решеноста на неговата Влада за продолжување на интензивирањето на билатералната соработка со Албанија и за влез во ЕУ и НАТО.

Според него, членството во НАТО е од исклучително значење за стабилноста на регионот, додавајќи дека очекува Црна Гора оваа година да стане полноправна членка на Алијансата.

Бушати од своја страна изјави дека со Дармановиќ разговарале и за можноста за отворање нови гранични премини, пред се во областите каде што има инвестиции.

- Разговаравме и за интеграцијата во НАТО, процес во кој Албанија дава поддршка, бидејќи го смета за значаен кога станува збор за безбедноста и инвестициите во регионот. На мојот колега му реков дека Црна Гора бележи напредок во процесот на евроинтеграција, изјави Бушати.

Околу апсењето на поранешниот косовски премиер и лидер на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадиај, Бушати, рече дека Тирана е во постојан контакт во косовските и француските власти, како и со ЕУ.

Тој ја прокоментира и изјавата на неговиот српски колега Ивица Дачиќ, дека албанската дијаспора се подготвува да заземе српски дипломатско-конзуларни претставништва за да го принуди Белград да се откаже од гонењето на Рамуш Харадинај, нарекувајќи ја непродуктивна.

Бушати и Дармановиќ размениле мислења и околу унапредувањето на билатералните односи и за геополитичките предизвици со кои во последниве години се соочуваат земјите во регионот и во Европа. На срдбата станало збор и за прекуграничната соработка, особено на проектите за модернизација на граничните премини.

Поврзани

Најнови вести

Коментари