На крајот од април

Црногорското собрание ќе одлучува за НАТО

Министрите за одбрана и за надворешни работи на Црна Гора Предраг Бошковиќ и Срѓан Дармановиќ најавија дека Црна Гора би можела да учествува на самитот на НАТО во мај годинава како полноправна членка, а формално да биде примена потоа

Собранието на Црна Гора на 28 април во Цетиње ќе одлучува за членството на земјата во НАТО. Седницата на првиот редовен пролетен собир ја закажа претседателот на Собранието Иван Брајовиќ.

На дневен ред ќе биде разгледување на Предлог законот за потврдување на Северноатлантскиот договор и Протоколот со Северноатланскиот договор за пристапување на Грција и Турција.

Американскиот претседседател Доналд Трамп минатата недела го одобри пристапувањето на Црна Гора во НАТО. Сега останува уште Холандија и Шпанија да ја завршат процедурата за верификација на протоколот.

Министрите за одбрана и за надворешни работи на Црна Гора Предраг Бошковиќ и Срѓан Дармановиќ најавија дека Црна Гора би можела да учествува на самитот на НАТО во мај годинава како полноправна членка, а формално да биде примена потоа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари