Во солзи се опростила од двата сина

Црногорка по 30 години депортирана од Америка поради една лага

Захрија Пуровиќ депортирана е во Црна Гора од САД по 30 години живот, па оваа 50-годишна жена во солзи се опростила од своите синови Елвир и Аријан се уште под шок поради својата животна судбина, пишува црногорскиот портал ЦДМ.

Иако Захрија во Мичиген, во Стерлинг Хајтс ги израснала своите деца и ги плаќала сите давачки на државата, морала да ја напушти Америка по одлука на судот и имиграционите власти. Иако нема криминално досие, протерана е од државата, според зборовите на нејзините синови, како најголем криминалец. Морала веднаш да купи авионска карта и да се врати за Црна Гора, пренесува М лајв.

Проблемите за Захрија почнале во 2001. година кога нејзиниот сопруг рекол дека се запознале во САД. Меѓутоа, Захрија и нејзиниот сопруг се венчале пред да дојдат во САД, што нормално не им се допаднало на имиграционите власти. Тогаш им кажале дека ќе бидат депортирани поради тоа.

Набрзо по тоа имале разговор во Оделението за имиграција каде и порачале дека веднаш ќе мора да купи карта и да замине од земјата. Нејзиниот најмал син Елвир вели дека до крајот се надевале дека судот сепак ќе дозволи да остане во земјата, но сепак тоа не се случило.

- Ова многу боли. Не знам што да правам - вели Елвир.

- Не сакам да размислувам за нејзиното заминување. Тоа многу ме повредува - вели нејзиниот син Аријан.

Захрија во САД дошла кога имала 19 години. Сега со 50 се враќа во Црна Гора и веќе е загрижена за својата судбина. Покрај тоа, таа има проблеми со половината поради која имала неколку физикални терапии во Мичиген.

- Се плашам за својата здравствена состојба. Грижата за болните во Црна Гора е многу лоша. Се плашам дека нема да имам адекватна здравствена услуга - се жали Захрија.

Погледнете го видеото.

Поврзани

Најнови вести

Коментари