Ципрас со грчкиот Поглавар за преговорите за името - протести им се проблем

Во овој момент не се потребни протести, туку национален консензус и единство, е пораката на поглаварот на грчката православна црква, што ја упатил на средбата со грчкиот премиер. Архиепископот Јеронимос и Алексис Ципрас, јавува дописникот на МИА од Атина, вчера имаа средба во атинската архиепископија, средба која не беше официјално најавена, а главната тема било прашањето за името.

Грчкиот премиер, според официјалното соопштение од ГПЦ, го известил архиепископот за текот на преговорите, ги слушнал размислувањата на Јеронимос и „изразил особен интерес за црковниот аспект на целиот спор, во однос на името на расколничката црква на Скопје".

Ципрас го уверил архиепископот дека ќе продолжи да го информира за текот на преговорите и побарал од него да придонесе за да се обезбеди клима на национално единство и одговорнoст.

Поврзани

Најнови вести

Коментари