Ципрас ја повика Грчката православна црква на воздржаност во спорот меѓу Македонија и Грција

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја повика Грчката православна црква на воздржаност во спорот за името меѓу Македонија и Грција.

„Се надевам дека ќе придонесете Грција успешно да се соочи со проблемот без потпаднување во проблеми од минатото“, напиша Ципрас во писмото до поглаварот на Грчката црква, Јеронимос.

Во средата, ГПЦ наведе дека се противи на секаков вид компромис кој го вклучува називот Македонија, кој го носи и една грчка покраина.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари