Детали за тепачката

Четворица уапсени српски државјани на Закинтос одат во притвор до судењето

Министерката за правда на Србија Нела Кубровиќ изјавила дека за четворица уапсени српски државјани на Закинтос е одреден притвор до почетокот на судењето.

Освен тоа, таа навела дека двајца се пуштени да се бранат од слобода и дека се наоѓаат во Белград, додека еден уапсен денес ќе биде изведен пред истражен судија.

„Секој контакт на лицата кои се во Белград со грчките органи мора да оди преку Министерството за правда, односно примена на договор и меѓународна правна помош, а Министерството ќе ја пружи целата неопходна помош која се наоѓа овде", рекла Кубрович за РТС.

Таа навела дека од четворицата на кои во Грција им е одреден притвор три лица имаат до 21 година, така да за нив се применуваат одредбите кои се применуваат на малолетници.

„Тие ќе бидат сместени во казнено поправен затвор за малолетници. Денес мора да почекаме каква ќе биде одлуката во однос на лицето кое ќе биде сослушано пред истражен судија, дали ќе биде одреден притвор или не", додала Кубуровиќ.

За убиството на американскиот турист Бакари Хендерсон осомничени се девет лица-еден Грк, седум државјани на Србија и државјанин на Велика Британија со српско потекло.

Едно од момчињата кои по смртоносната тепачка на Закинтос и апсење дошле во Србија изјавил во петокот за Б92 дека не се брани од слобода, туку дека е пуштен на слобода.

Како што рекол, тој и другото пуштено момче се снимени со безбедносните камери, но не биле учесници, туку се „нашле на погрешно место во погрешно време".

Бранителката на еден од обвинетите, адвокатката Зора Добричанин Никодиновиќ изјавила претходно дека причина за судирот не било селфи, како што пишуваа медиумите, туку дека настраданиот Амерканец со флаша удрил момче од Србија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари