Борисов: Границите на ЕУ треба да се чуваат како оние помеѓу Источен и Западен Берлин

Постои многу брза надворешна политика за миграциските текови во Европа. Вака премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, го оцени актуелниот спор во Европската Унија за миграциските квоти.

Премиерот, кој учествуваше во редовното заседание на Европскиот совет во Брисел, посочи дека границите на Унијата мора да бидат силно чувани исто како оние на Западен и Источен Берлин во минатото.

Според него, оние што бегаат од војната, треба да бидат прифатени во европските земји, но не и оние што мигрираат од економски причини.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари