Австралискиот Крал на челикот падна во Белград заради кокаин и кеш (ВИДЕО)

Колку за потсетување, три австралиски државјани беа уапсени вчера во Белград за време на предавањето на 600.000 евра, за кои се верува дека потекнуваат од продажба на кокаин. Со нив беше уапсен и еден Либанец за фалсификување на документи, а бил одземен и пиштол.

Постои сомневање дека е дел од парите што се наменети за плаќање на кокаинот на австралискиот пазар, а се однесуваат на заплена на 1,28 тони дрога во Сиднеј во април 2017 година.

Рохан Арнолд, еден од тројцата уапсени Австралијци, се смета за еден од најуспешните бизнисмени во Австралија.

Корпорацијата "ArnoldCo" вклучува неколку индустрии: трговија со челик, градежни услуги, увоз и извоз на месо и добиток. Неговиот најнов мега-проект се однесува на изградба на пазар за продажба на стоката во Мортлејк во австралиската покраина Викторија. Според последните вести, изградбата на пазарот се приближува до крај.

Во Канбера се школувал во трговската сфера. Неговата кариера во производството на челик, трае веќе 20 години.

Сепак, неговото работење не го избегнуваа скандали, но во 2013 година се појави на суд, бидејќи наводно прекршил австралиски закон по деловно право, кога го затворил една од неговите компании, останувајќи им должен плати на работниците.

Колку за потсетување, три австралиски државјани беа уапсени вчера во Белград за време на предавањето на 600.000 евра, за кои се верува дека потекнуваат од продажба на кокаин. Со нив беше уапсен и еден Либанец за фалсификување на документи, а бил одземен и пиштол.

Постои сомневање дека е дел од парите што се наменети за плаќање на кокаинот на австралискиот пазар, а се однесуваат на заплена на 1,28 тони дрога во Сиднеј во април 2017 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари