Бегалска криза

Аврамопулос: Нема потреба за продолжување на граничните контроли

Еврокомесарот за миграции Дмитрис Аврамопулос смета дека не треба да се продолжат вонредните гранични контроли во Шенген зоната, бидејќи мигрантската криза се намалува

Еврокомесарот за миграции Дмитрис Аврамопулос смета дека не треба да се продолжат вонредните гранични контроли во Шенген зоната, бидејќи мигрантската криза се намалува.

ЕУ им дозволи на Австрија, Данска, Германија, Шведска и Норвешка, која не е членка на Унијата, да го продолжат периодот за проверка на личните документи на своите граници.

Аврамопулос наведе дека проверките се оправдани, но дека причините поради кои се воведени „веќе не постојат".

- Верувам дека е време да се вратиме на нормално функционирање на Шенген зоната, изјави Аврамопулос.

Според него, спогодбата со Турција за мигрантите добро функционира, а приливот на мигранти на грчките острови е опаднат за 81 отсто од минатиот месец, во споредба со август 2016 година.

- Веќе две години работиме во услови на криза, но сега е време да излеземе од таа криза, изјави Аврамопулос.

Поврзани

Најнови вести

Коментари