Атина од Тирана бара бришење на поимот „Чамерија“ од албанските учебници

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, побара Албанија да ги „прочисти“ школските учебници од „прашањето за Чамите“.

Коѕијас изјави дека во текот на разговорите на заедничката експертска комисија, грчката страна јасно им ставила до знаење на албанските претставници дека термините „албански територии во Грција“ и поимот „Чамарија“ за дел од грчката територија, треба да бидат избршани од учебниците по историја и географија, бидејки тоа се иредентистички поими.

За шефот на грчката дипломатија проблемот со Чамите не постои за официјална Атина. Албанската телевизија „Клан“ информираше дека бришењето на терминот „Чами“ грчкиот министер го побарал и на средбата со неговиот албански колега, Дитмир Бушати.

На последната средба на мешовитата грчко-албанска експертска комисија, грчката страна категорично побарала бришење од учебниците на зборови за некакви „албански територии во Грција“.

„Исто така и грчката географска област, која во учебниците се именува како ‘Чамарија’, за жал, покажува дека албанската држава е блокирана во националистичка реторика. Тоа и штети во прв ред на самата Албанија“, посочи Коѕијас.

Околу оваа тема реагираше и шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, кој потврди дека е формирана заеднчка работна група за „оценување на учебниците по историја во двете земји“. Претходно, грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, и се закани на Албанија дека доколку сака во ЕУ треба „да ја затвори устата за некакво непостоечко прашање за Чамите“.

K.M.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари