„Контрањуз":

Американците му веруваат на Ципрас

Вашингтон гледа на Грција како на земја на стабилност и безбедност во Средоземното Море и оваа оценка доаѓа во момент кога турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го води кон крајност конфликтот со Американците

Политичката и воена елита на САД имаат доверба во Грција и нејзиниот премиер Алексис Ципрас, и во тој контекст договорите кои се очекува да се потпишат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ципрас за време на неговата посета на Белата куќа на 17 октомври се од стратешко значење.

Ова го јави грчкиот весник „Контрањуз" додавајќи дека според извори од Вашингтон, договорите кои ќе ги потпипшат двајцата лидери „ќе ја променат и рамнотежата во експлозивниот регион на Медитеранот".

Вашингтон гледа на Грција како на земја на стабилност и безбедност во Средоземното Море и оваа оценка доаѓа во момент кога турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го води кон крајност конфликтот со Американците, пишува весникот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари