Албин Курти избран за претседател на „Самоопределување“

На гласањето за претседател што го организираше партиското движење „Самоопределување“ на Косово единствениот кандидат за претседател Албин Курти освои над 98 отсто од гласовите. Косовските медиуми јавија дека гласањето било масовно како во градовите каде што „Самоопределување“ има ограноци така и во неколку градови во Европа каде, исто така, има свои ограноци формирани од страна на иселениците од Косово.

Курти кој беше еден од основачите на движењето и прв негов претседател, изјави дека да се освои 98,82 отсто од гласовите во најмасовното гласање во партијата му дава голема обврска околу зајакнување на движењето.

КМ

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари