Џабе војни, џабе национализми

Ако мапата на Европа се темели на ДНК, Србите, Хрватите и Босанците би биле еден народ

Национализмите се измислица, генетски гледано, нема големи разлики помеѓу балканските народи

Кога државните граници би се правеле врз основа на хаплогрупата, односно врз основа на групите на слични хаплотипови кои имаат заедничко потекло, Европа, Африка, Азија и другите континенти воопшто не би наликувале на денешната мапа на светот.

На мапата се гледа дека Британците имаат повеќе генетски сличности со Италијанците и Португалците одошто со скандинавските земји кои географски и се поблиски, пишува хрватскиот портал Индекс.

Кога станува збор за Балканот, Србите, Хрватите и Босанците споделуваат иста хаплогрупа, таканаречена И2 во која според некои истражувања, се наоќаат мажите со највисока просечна висина на светот, од 185,6 сантиметри. За Црногорците, Македонците и Бугарите исто така е типична оваа хаплогрупа.

Оваа мапа ја објави еден корисник на Редит, а е направена врз основа на хаплогупите кои споделуваат ист предок и можат да бидат еден од начините на гледање на генетскиот состав на една група.

Од мапата можат да се прочитаат следните хаплогрупи:

Хаплогрупа Р1б: Најчесто е присутна во земјите од западна Европа но и во некои делови од Русија како и централна Африка. Во помали проценти може да се пронајде во источна Европа, западна Азија, како и во делови од северна Африка и централна Азија.

Хаплогрупа Р1а: Проширена е на големо подрачје на Евроазија, се протега од Скандинавија, средна Европа, југот на Сибир па се до југот на Азија.

Хаплогрупа Н: Широко е распространета по северот н Евроазија, а може да се пронајде и на други подрачја како југоистокот на Азија, пацифичкиот регион, југозападот на Азија и на југот од Европа.

Хаплогрупа И1: Оваа група најчеста е во Шведска и на западот од Финска. И-М253 носи 35-38 отсто од мажите во шведска, 32,8 отсто од мажите во Данска, 31,5 отсто од мажите во Норвешка и околу 28 отсто од мажите во Финска.

Хаплогрупа И2: Оваа хаплогрупа својот врв го има на Балканот каде мажите, според некои истражувања, се највисоки на светот со просечна висина од 185,6 сантиметри. На оваа хаплогрупа и припаќаат Хрватите, Бошњаци, Србите...

Хаплогрупа Ј1: Распространета е на многу подрачја на Блискиот Исток и делови од Кавказ, Судан и Етиопија. Може да се пронајде на северот од Африка, југот од Европа и кај еврејските групи, особено кај оние со презиме Коен. Многу поретка е но може да се пронајде во некои делови од Европа, во централна Азија и на индискиот потконтинент.

Хаплогрупа Ј2: Ја има и во западна, централна и јужна Азија, делови од Европа и северна Африка, но најчесто се поврзува со северозападна Азија. Се смета дека потекнува од подрачјето помеќу Кавказ, Месопотамија и Левант.

Хаплогрупа Е: Повеќето припадници на хаплогрупата Е-М96 и припаѓаат на само една од идентификуваните подгрупи и тој примерок е исклучително редок.
Е1а и Е-М75 ги има речиси исклучиво во Африка.

Хаплогрупа Г: Хаплогрупата Г-М201 најчесто се среќава во Грузија, а може да се пронајде и кај малцинското население на Кавказот. Во помал процент ја има кај населението на Европа, јужна и средна Азија и северна Африка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари