Тирана

Акција на албанската полиција за спречување на шверц на дрога

Албанската полиција спроведува голема акција за борба против дрогата на целата територија на Албанија, при што досега се запленети повеќе тони марихуна.

Акцијата, со која раководи генералниот директор на полицијата Хаки Чако, се спроведува во Валона, Тирана, Лежа, Елбасан, Скадар и други албански градови.

Во магацин во местото Лакадунд во близина на приморскиот град Валона полицијата открила 15 тони марихуана и пет автоматски пушки „Калашников", при што уапсила пет лица. Во Каваја, пак, се запленети 700 килограми марихуана и се приведени неколку лица.

Поголемо количество марихуани, според тиранската телевизија Топ чанел, е запленета и во Тирана и Пермет, но за колкав износ станува збор не се наведува.

Акцијата продолжува во неколку градови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари