Аделина: Му давам 500 евра на оној кој ќе ми направи дете!

На својот фејсбук профил поставила оглас во кој бара потенцијален биолошки татко на своето дете, кој правата за детето ќе и ги препушти нејзе.

Аделина (25) од Темишвар му нуди 500 евра на мажот кој ќе и направи дете затоа што, како што вели, премногу е независна за да биде во врска.

Таа на фејсбук поставила оглас во кој бара потенцијален татко за детето, кој сите права ќе и ги препушти нејзе. Аделина твдри дека не е премногу заинтересирана да има момче или сопруг затоа што, вели, „мажите се премногу незрели".

Запознавањето маж не е проблем но да се запознае некој кој сака дете навистина е. Затоа место да губам време на бесмислени врски ќе платам за тоа. За 500 евра ти ќе се забавуваш, а јас ќе добијам бебе", пишува во нејзиниот оглас.

Аделина истакнала дека заинтересираниот маж прво ќе треба да направи тест и да докаже дека е во состојба да и направи дете и ќе мора да се откаже од прават врз него.

Мажите се незрели и само мислат на себе. Од друга страна, јас сум зрела, независна жена и сакам да имам дете без татко".

Нејзиниот оглас одекнал на интернет, а се јавила еден куп кандидати. Сепак, Аделина не е задоволна затоа што повеќето понудата не и ја сфаќаат сериозно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари